Утрински Весник
Македонија

Повредените во „Пулс“ кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на починатите и побараа простување што не ги спасиле

20250625090301 big 730x400 50.webp.webp.webp

Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на почит кон загинатите во трагедијата пуштија 62 бели балони. 

Од дворот на манастирот „Св. Василиј Велики“ на Пониква тие упатија порака и барање за простување што не успеале да им помогнат и да ги спасат од огнот.


-Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души. Денес не стоиме овде како жртви, туку како сведоци. Сведоци на една болка што не поминува, но и на една љубов што никогаш нема да згасне. За вас, нашите ангели – ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш, истакнаа во пораката повредените во „Пулс“

Можете да прочитате

Николоски на средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро

Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката, вели адвокатот на Ѓорчевски

Мицкоски најавува над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство