Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Zemjotres2.jpeg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 3 часот и 59 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

Голем пожар во Крива Паланка – Градоначалникот бара итна државна помош

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена