Утрински Весник
Македонија

Повисоки плати, работа од дома и квалитет на живот бараат младите луѓе за да останат во држатата

Повисоки плати, работа од дома и квалитет на живот бараат младите луѓе за да останат во држатата

Истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи покажа дека младите луѓе во државата бараат повисоки плати, можност за работа од дома, флексибилно работно време, поддршка за ИТ-индустријата и занаетчиските професии.

dobivaj vesti na viber

Бојан Кордалов, претседател на Институтот, рече дека клучно за младите да останат во државата и тука да ја градат својата иднина е квалитетот на живот, што подразбира и здравствено осигурување и здрава животна средина.

„Потребна е конкретна акција. Гласот на младите треба да биде слушнат. Бројките се поразителни, ако не се променат работите, нема да можеме да излеземе од она што се нарекува иселување од државата. Треба да дејствуваме бргу“, рече Кордалов пред почетокот на трибината ‘Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес’, кои ги изработи Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи, на која учествува и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Претседателот на Институтот оцени дека на оваа тема е направено многу во изминатата година, а конкретните заклучоци и препораки се предадени до Владата на натамошно разгледување.

 

 

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички