Утрински Весник
Свет

Повеќето земји од ЕУ поддржуваат тестирање за ковид на патници од Кина

Повеќето земји од ЕУ поддржуваат тестирање за ковид на патници од Кина

Поголемиот дел од земјите на ЕУ се за воведување на тестирање за Ковид-19 пред заминувањето на патниците од Кина во ЕУ, објави Европската комисија.

dobivaj vesti na viber

По состанокот во вторникот на Комитетот за здравствена безбедност, советодавното тело на ЕУ составено од здравствени експерти од 27 земји на ЕУ, беше откриен заедничкиот пристап на ЕУ кон ова прашање, објави Ројтерс.

– Огромното мнозинство земји се за тестирање на патниците пред да патуваат – рече портпаролот на ЕК.

Комисијата подготви нацрт-предлог за нови мерки, кои вклучуваат препорака за носење маски на летовите од Кина, анализа на отпадните води од авионите кои доаѓаат од Кина, геномски надзор на аеродромите и зголемено ниво на внимателност на влезот во ЕУ.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести минатата недела објави дека засега не препорачува мерки за патниците од Кина бидејќи варијантите на вирусот што циркулира во Кина веќе постојат во Европската унија, каде што се релативно голем број граѓани вакцинирани или прележале Ковид-19, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп