Утрински Весник
Скопје

Повеќе делови од Скопје денеска без струја – прекини во пет општини

Struja.webp.webp
Dik 300x250 mk

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на гра Скопје.

Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот, за корисниците од дел од ул. „1“ во с. Сопиште, во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, од дел од ул. „Димитар Мирсачев“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, за корисниците од објектите во околината на ул. „Леринска“ бр. 3. во општина Карпош.

Од надлежните институции апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да обезбедат алтернативни извори на напојување доколку е потребно.

Можете да прочитате

Апасиев: Левица е прва партија пред ВМРО – ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром

Герасимовски со честитка за Денот на општината: Заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар

Екипите на ЈП “Улици и патишта”- Скопје активни со следната фаза за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”