Утрински Весник
Македонија

Потрошувачите оценија: Веро е најмодерниот маркет во земјава

Image 218371.jpg

Веро е најмодерниот маркет во земјава според оценката на потрошувачите, потврди најновото истражување „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024 година“ што го спроведува агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“.

Според добиените резултати, 31% од потрошувачите во земјава се изјасниле дека Веро е најмодерен маркет во конкуренција на сите домашни и интернационални синџири маркети. Односно, еден од три потрошувачи го дели овој став за Веро, што придонесува маркетот да се задржи на првата позиција во категоријата најмодерен маркет веќе трета година по ред.

Во резултатите од истражувањето се потенцира дека ваквата висока перцепција на потрошувачите бележи континуитет низ целиот период.

реклама

– Оваа позиција е од особена важност бидејќи и стратегијата на Веро е привлекување на потрошувачите преку понуда на широк асортиман и потрошувачко искуство. Секоја група на потрошувачи има сопствени специфики и очекувања која што треба да биде пресретната од домашните маркети, a континуитетот укажува на постојано пресретнување на тие очекувања – пишува во заклучокот од истражувањето.

Можете да прочитате

Одложена одлуката за Законот за јазиците, Костадиновски уверува дека нема да дозволи судот да биде уценуван

Петрушевски: ДУИ е повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да ги заштити криминалците како Груби од одговорност

Сѐ уште трае распитот на Васко Стефанов во Кривичен