Утрински Весник
Свет

Хезболах изведе втор напад врз израелска поморска база во 24 часа

Hezbolah.webp.webp

Либанскиот Хезболах денеска објави дека истрелал ракети врз израелската поморска база во близина на Хаифа, во северен Израел, во вториот таков напад во последните 24 часа.

-Тоа е одговор на нападите и масакрите извршени од израелскиот непријател во Либан, рече Хезболах, прецизирајќи дека цел била поморската база Стела Марис северозападно од Хаифа.

Хезболах вчера објави дека ја нападнал таа база со ракети, наведувајќи ги истите причини.

Во одвоено соопштение Хезболах наведе дека денеска истрелал ракети врз воздухопловната база Рамат Давид, која се наоѓа на околу 45 километри од израелско-либанската граница.

Хезболах истрела проектили врз Израел од 8 октомври 2023 година, еден ден по почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа, предизвикана од неселективен напад на Хамас на израелска територија. Хезболах вели дека дејствува како поддршка на Хамас.

Од 23 септември Израел спроведува кампања на интензивни напади во Либан, а од 30 септември започна копнена офанзива на југот на Либан.

Израел вели дека сака да го неутрализира Хезболах за да дозволи враќање на околу 60.000 жители во северен Израел, раселени поради непрестајните ракетни напади од почетокот на војната во

Можете да прочитате

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона

Падот на Асад ги доведе во неизвесност сириските бегалци во ЕУ

Израелската армија дојде на 25 километри од Дамаск