Утрински Весник
Македонија

Потребниот цензус од 40 отсто излезност за избор на претседател е постигнат до 17 часот

Dastevski.jpg

Потребниот цензус од 40 отсто од избирачите да излезат на гасање за да се избере претседател на Македонија во вториот изборен круг е постигнат, соопштија од ДИК, според податоците пристигнати до 17 часот од 2024 избирачки места. До 17 часот гласале 452.412  гласачи што е излезност од 42,32 %. -Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66,47% , а најмала во Липково со 6,48%, информира Александар Дашевски, претседател на ДИК. За парламентарните избори, до 17 часот својот глас го дале 46,93 отсто од избирачите. Најголема излезност на парламентарните избори има во општина Кривогаштани – 79,73 отсто, а најмала во општина Маврово-Ростуше – 22,93 отсто. На денешните двојни избори во Македонија, 7. претседателски и 11. парламентарни избори право на глас имаат 1.814.317 граѓани.

Можете да прочитате

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена

Пожар во фабрика за стиропор во Кочани – поголема група на пожарникари успешно го изгаснале

Имаме повеќе здравствени осигуреници од жители, а боледувањата се злоупотребуваат