Утрински Весник
Балкан

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

Danka.jpg

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт  во периодот кога девојчето исчезнало.

Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.

Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.

Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,

Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.

Можете да прочитате

Романија го затвори го протера рускиот конзул по нападот со дрон

Суд во Хамбург му забрани на Шпигел да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „сафари во Сараево“, соопшти Кабинетот на претседателот на Србија

330.000 шишиња вода од 0,5л за Моравичкиот округ, од 25 мај е без вода