Утрински Весник
Свет

Поскапеа јајцата во ЕУ – 24info.mk

Jajca 5.jpg

Трошоците за јајца во Европската Унија беа генерално зголемени за 6,7 проценти во март месец во однос на истиот период минатата година, објави денес Европската статистичка служба – Евростат, пред претстојните Велигденски празници.

Според информациите на Евростат, минатиот месец на годишно ниво, јајцата најмногу поскапеа во Чешка, со импресивен скок од 46 проценти, по што следат Словачка со 29,8 и Унгарија со 26,1 проценти.


Во спротивност со ова, цените на јајцата во споредба со претходната година забележаа пад во Холандија за 3,6 проценти, во Луксембург за 3,2 и во Грција за 2,0 проценти.

Трошоците за јајца бележат постојан пораст од почетокот на годината, така што во јануари тие беа повисоки за 3,4, а во февруари за 4,1 отсто во споредба со истите месеци во 2024 година.

Најголемо зголемување на цените на јајцата во ЕУ беше регистрирано во 2023 година, кога нивното поскапување на годишно ниво достигна двоцифрени проценти, при што најзабележително беше забележано во февруари 2023, кога растот изнесуваше 31,2 отсто.

Можете да прочитате

Авион падна врз приватни куќи, евакуацијата е во тек (ВИДЕО)

Момче избодено во училиште, родителите во паника дошле да ги земат своите деца во Берлин

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили