Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај в четврток во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Поради официјална посета на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, в четврток во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“. Од тие причини, Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија