Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Португалска министерка за здравство поднесе оставка по смртта на бремена туристка

Португалска министерка за здравство поднесе оставка по смртта на бремена туристка
Img 7972

Португалската министерка за здравство Марта Темидо поднесе оставка неколку часа откако во Португалија почина бремена индиска туристка, пишува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Трудницата поради полн капацитет не била примена во породилиштето.

34-годишна Индијка почина од срцева слабост на пат кон друга болница во Лисабон. Португалскиот министер Антонио Коста изјави дека смртта на бремена туристка е последната капка и ја натера министерката да поднесе оставка.

Во соопштението за оставката, владата посочи дека Темидо констатирала дека повеќе нема услови да остане во владата. Густаво Тато Борхес, претседател на португалското здружение за јавно здравје, за РТП изјави дека не очекувал нејзина оставка и бил изненаден што Темидо се повлече додека има акутни проблеми во здравствениот сектор, пишува Би-би-си.

Породилните центри во Португалија се борат со недостиг на медицински персонал, а како резултат на тоа некои беа принудени да се затворат. Поради тоа, родилките често се преместуваат од болница во болница, што е ризично во нивната состојба, пренесуваат медиумите.

Анализираат дека недостигот на здравствен персонал во Португалија, особено оние кои се специјализирани за гинекологија и акушерство, ја натера владата да размислува за регрутирање од странство.

Во написите стои дека во случајот со 34-годишна Индијка, фатално е префрлањето во друго породилиште, а целиот случај се истражува. Нејзиното дете го преживеало породувањето и е во добра здравствена состојба.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови