Утрински Весник
Свет

Порторико прогласи епидемија од денга

D0bfd0b5d182 D0bdd0b0d187d0b8d0bdd0b8 D0b4d0b0 D0b3d0b8 D0b8d0b7d0b1d0b5d0b3d0bdd0b5d182d0b5 D0bad0bed0bcd0b0d180d186d0b8d182d0b5 63dc32a7cf2ef.jpeg
Ss2

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе.

Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1. 293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан.

Ss1

Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија.

Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година. Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот.

Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација.

Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените.

Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми.

Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

Ss1

Можете да прочитате

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море – оштетија британски танкер

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа