Утрински Весник
Спорт

Порше крена раце од Формула 1

Порше крена раце од Формула 1

Германскиот автомобилски гигант Порше сепак се откажа од влезот во Формула 1 по воведувањето на новите правила кои ќе важат од 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Порше во април минатата година објави дека сака да биде дел од Формула 1. Некаде во тој период и Ауди потврди дека планира да влезе во „најбрзиот циркус“. Ауди, во меѓувреме купи, дел од акциите во Заубер, со цел да си обезбеди место во Формула 1.

Од друга страна, Порше имаше план за соработка со постоечките конструктори.

Најсериозните преговори беа со Ред Бул, но австрискиот тим реши да користи погонски единици на Форд од 2026 година.

Соработката меѓу Алфа Ромео и Заубер ќе заврши на крајот од оваа сезона.

Швајцарскиот тим веќе го назначи поранешниот прв човек на Мекларен, Андреас Зајдл за прв човек.

По две трки, Алфа Ромео моментално е на шестото место во шампионатот за конструктори, со четири освоени бода.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига