Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Не трошиме за милионски жални врби, галии, стиропор – туку го унапредуваме здравството

Ковачевски: Не трошиме за милионски жални врби, галии, стиропор – туку го унапредуваме здравството
300x250 (7)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, денеска, беше во посета на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, каде што комплетно е реновиран првиот кат за интензивна и постинтензивна нега на Клиниката вклучувајки ги кабинетите за дијагностика и интервенции.

dobivaj vesti na viber

„Најтешко болните пациенти од целата држава, кои имаат потреба за болнички третман на Клиниката за гастроентерохепатологија, отсега ќе престојуваат во достоинствени услови и ќе добиваат современи медицински услуги.

Ss1

Пациентите што имаат потреба од дијагностика и интервенции, ќе бидат прегледувани и третирани во новоопремени кабинети за дијагностички и интервентни процедури. Ова е прво вакво реновирање по формирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија“, рече премиерот Ковачевски.

Реновирањето е во најголем дел финансирано од Владата на САД, конкретно од Командата на Соеднинетите Американски Држави за Европа, во вредност од над 400 илјади американски долари, наменето е за граѓаните на Република Северна Македонија, а е реализирано во соработка со Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар во Скопје поради што премиерот Ковачевски им се заблагодари на амбасадорката на САД и на директорката на Клиниката.

„Почитувана амбасадорке на САД, Анџела Агелер, благодарност до граѓаните и до Владата на САД за огромната поддршка од Соединетите Американски Држави на Република Северна Македонија во сите важни процеси, но и на конкретно ниво преку проекти од суштинско значење за квалитетот на живот на нашите граѓани. Преку истата оваа програма за хуманитарна помош од САД знам дека се прошируваат и капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.

Односно, околу 14 милиони долари во изминатите 13 години е поддршката преку оваа американска програма за хуманитарна помош во здравството, образованието и за менаџирањето со кризи. И ова е вистинско пријателство на дело.

Република Северена Македонија е на вистинскиот колосек, имаме искрени и вистински пријатели од меѓуанродниот демократски свет и ете ова значи да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница“, рече премиерот Ковачевски.

Амбасадорката на САД во државата, Анџела Агелер, во обраќањето порача дека oваа поддршка е како за пациентите така и за посветениот медицински персонал на Клиниката, кој работи добро и на посветен начин.

„Целиот кат на Клиниката е целосно реновиран и значително го подобри не само нејзиниот капацитет туку и нивото на услуга што им ја дава на граѓаните.

САД и ЕК донираат 400.000 долари за реновирање и тоа е само уште еден пример за долгогодишната посветеност што ја направивме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да изгради доверба и квалитет во институциите“, рече амбасадорката Агелер.

На амбасадорката Агелер ѝ се заблагодари и директорката на Клиниката, Калина Гривчева-Сарделова, која истакна дека пред неколку години е реновиран третиот кат на Клиниката, каде што во амбулантниот дел е отворен и центар за болести на црниот дроб.

„Денеска, означуваме комплетно завршување на еден процес и може да кажеме дека имаме најсовремени услови за работа што одговараат за терцијарна здравствена установа, која е единствена од овој вид во нашата земја.

Проектот за реконструкција, кој го завршивме, е голем и значаен бидејќи ова е негово прво темелно реновирање откако е изграден објектот на интерните клиники пред повеќе од 60-ина години.

Клиниката за гастроентерохепатологија е доказ дека кога се сака, се може, со заеднички пристап и меѓусебна поддршка на сите вработени“, рече директорката Гривчева-Старделова.

Претседателот на Владата, Ковачевски, го поздарави и значајниот ангажман на директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија, Гривчева-Старделова, и нагласи дека здравството е меѓу врвните приоритети на Владата.

Премиерот во обраќањето посочи и на повеќе значајни инвестиции на Владата во здравството во текот на минатата година: нова апаратура за дијагностика во поголем број јавни здравствени установи во државата, како што се мамографи, дигитални рендген-апарати, ангиографи, компјутерски томографи; линеарен ацелератор за пациентите со малигни заболувања на Клиниката за радиотерапија и онкологија; нов апарат за зрачна терапија во Градската општа болница „8 Септември“; нови ангиографи за повеќе јавни здравствени установи, како и дека изминатата година ја одбележа историски успех во здравството – трансплантација на црниот дроб, со што македонското здравство се вброи меѓу светските здравствени системи што успешно ја вршат оваа трансплантација.

Во изминатите 5 години премиерот рече дека се поставени најсовремени компјутерски томографи и магнетни резонанции во повеќе болници во државата; по 15 години, на Клиниката за уво, нос и грло набавени се нови апарати; нов рентген-апарат наменет за снимање во Детската болница „Козле“; нова опрема за Клиниката за детски болести; нов ЕХО-апарат на Клиниката за детска хирургија; нова медицинска опрема за Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир; нови апарати за неонатолошките интензивни одели на Клиникита за гинекологија и акушерство во Скопје; нова апаратура за унапредување на работата на очното одделение во Клиничката болница во Битола; нов апарат за рана дијагностика на оштетувања на слухот кај новороденчиња во Општата болница – Куманово; реновиран е Одделот за онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во рамките на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, набавени се нови возила за Службата за итна медицинска помош во Скопје, возила за интерклинички транспорт на пациенти, за лица со попреченост.

Воведени се укинати квоти за лекови на рецепт. Зголемена е основната плата на лекарите специјалисти за 40 проценти; на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20 и 23 проценти; на општите лекари за 25 проценти, на здравствените соработници за 15 проценти.

Зголемени се коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници – за некои типови на дежурства – за два до трипати за викендот.

Зголемени се капитациите за матичните лекари.

„Овде сме за да порачаме дека здравството продолжуваме да го унапредуваме со засилено темпо. Ние не трошиме за милионски жални врби, галии, стиропор. Ние ги насочуваме парите кај граѓаните. Ние се грижиме за потребите на граѓаните!“, порача премиерот Ковачевски.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, ја поздрави значајната поддршка од Амбасадата на САД и рече дека Владата останува посветена на унапредувањето на здравствениот систем.

„Работиме на подобрување на условите за лекување на пациентите, осовременување на инфраструктурата, реорганизација и подобрување на условите за вработените. Токму инвестирањето во сите региони еднакво е мој фокус и развивање регионални центри во државата за што имаме изготвено детален план за реорганизација на здравствениот систем“, рече министерот Меџити.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, нагласи дека целта на Владата е европски квалитет на живот на граѓаните и со вистинските пријатели, како од САД и од Европа, за Република Северна Македонија достижна е и оваа стратешка цел.

Ss1

Можете да прочитате

Еве кои денови се неработни наредна недела

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“ на Кинотека

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините