Утрински Весник
Балкан

Пороите носат сè пред себе: Над 400 громови за само два часа во Грција

Grcija Nevreme 1.jpg

Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија.

Поплави веќе има во голем број случаи, додека удари од гром предизвикаа пожари, поради што пожарникарите имаа полни раце работа.

Мрежата на Националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од гром во рок од два часа.

Дождот со послаб интензитет се уште врне, а претходно обилни дождови наврнаа во Дионисос, Агиос Стефанос и Спата.

Пороен дожд во попладневните часови наврна и во Елефсина.

Попладнево лошо време го зафати и подрачјето на Пелопонез.

Комитетот за проценка на ризици вчера одржа итен состанок, а заседаваше и координаторот за Цивилна заштита, кој ги разгледа опасните временски појави.

Се очекува слабеење на интензитетот во четврток доцна навечер.

Особено драматично беше во Солун, каде што поројните води сериозно го нарушија сообраќајот, па дури и носеа контејнери за ѓубре и други предмети.

Можете да прочитате

Нови Сад: Питбул териер го нападнал својот сопственик и го убил

Земјите од регионот се уште под влијание на африканскиот топлотен бран

Турција одбележува осум години од неуспешниот обид за пуч