Утрински Весник
Свет

Поранешниот пакистански премиер осуден на 14 години затвор

Imran Kan1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е осуден на 14 години затвор во случај на корупција поврзан со продажба на земјиште, изјави неговиот адвокат, пренесува Скај Њуз. Пресудата дојде по обвинувањата за земање мито при продажба на земјиште за имотен магнат во вредност од 190 милиони фунти (250 милиони евра).

Случајот е поврзан со Фондацијата Ал Кадир, која Кан и неговата сопруга Бушра Биби ја основаа додека тој беше на функцијата. Обвинителите тврдат дека фондацијата била фронт за поранешниот премиер. Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан вели дека земјата не била за лична корист, туку за духовна образовна институција.


Седумдесет и двегодишниот Кан беше сменет од функцијата во 2022 година. Тој е во затвор од август 2023 година и се соочува со повеќе од 150 кривични случаи.

Бушра Биби, исто така, беше осуденa во корупциски случај со продажба на земјиште. Локалниот медиум Гео њуз објави дека таа била приведена набргу по пресудата, откако била ослободена со кауција.

Можете да прочитате

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти