Утрински Весник
Свет

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан осуден на 10 години затвор

Screenshot 2024 01 30 142519.png

Пакистанскиот суд денеска ги осуди поранешниот премиер Имран Кан и еден од неговите партиски заменици на по 10 години затвор, откако ги прогласи за виновни за оддавање државни тајни.

Кан е осуден поради тоа што објавил содржина на доверлива телеграма испратена до Исламабад од пакистанскиот амбасадор во Вашингтон во 2022 година.

Тој се изјасни за невин и тврдеше дека содржината на дипломатската депеша претходно била објавена во медиумите од други извори.

Можете да прочитате

Литванија сака да ја укине забраната за нуклеарно оружје, Kремљ предупредува на ескалација

Насилни протести во Барселона поради станбената криза

Насилни протести во Барселона поради станбената криза