Утрински Весник
Свет

Поранешната секретарка на Зоран Милановиќ оди во затвор, украла државни пари за скапи чевли

Сараево: Милановиќ  не е добредојден во БиХ
Ss2

Сандра Жељко, поранешната секретарка на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ќе мора да оди во затвор на четири и пол години, бидејќи проневерила најмалку 130.000 евра од државната каса заедно со тогашниот шеф на кабинетот на Милановиќ, Томислав Сауча, пишуваат медиумите во регионот. При претресот на нејзиниот стан, полицијата во нејзиниот плакар за чевли пронашла повеќе од 80 пара луксузни чевли, вредни 50.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Тие двајца беа осудени на затворска казна уште во 2020 година, но Врховниот суд во Хрватска дури сега ја прогласи за конечна. За оваа одлука Жељко дознала сосема случајно, бидејќи никој од институцијата претходно не ја известил.

Ss1

„Случајно го видов на порталот, барав нешто, веќе не знам точно што. И кога ја погледнав конечната пресуда, помислив дека тоа е некаква грешка. Дека можеби е погрешна формулацијата или нешто. Не разбрав, бев шокирана. Влегов во таа статија и го погледнав датумот и го видов 21 март. Бев изненадена, во неверување, не знам што да кажам“, изјави Жељко за локалните медиуми.

Покрај затворската казна, им е забрането да извршуваат јавна функција во следните пет години. И двајцата треба да ја вратат незаконски стекнатата имотна корист, при што Сауча платил 50.000 евра, а Жељко 80.000.

Според пресудата, Жељко проневерилa многу повеќе пари од нејзиниот тогашен шеф.

По изрекувањето на пресудата, таа за хрватските медиуми изјави дека не е виновна и дека само си ја работи својата работа.

На судењето, во текот на претходните години, за хрватската јавност секако најинтересна беше полемиката за нејзината колекција на чевли. Имено, во нејзиниот стан биле пронајдени дури 80, а сите биле брендирани.

Жељко се бранеше дека ги купила во претходните 30 години од кариерата, најмногу на попусти и дека ги чувала внимателно.

„Тоа беше главната атракција за полицајците, моите чевли“. Ако мој криминал се тие чевли… дојдов од Вуковар, останав без ништо. Морам да напоменам дека немам деца, сама сум и со плата си купив што сакав. А ако има некакви марки, тие секогаш се купуваат со попусти од 50 до 70 проценти. Ако моите чевли се проблем во целата работа, не знам што да кажам. Затоа што ако имало нешто во мојот стан, тогаш ќе го покажале, немало да се занимаваат со моите чевли“, рече Жељко.

Таа за време на својата одбрана изјавила дека највисоката цена што ја платила за чевлите била околу 2.150 евра, а дел од нив ги дели со мајка и и сестра и со кои живее.

Исто така, во нејзиниот стан бил пронајден патен налог кој, како што тврди, и бил подметнат. Зад тоа, смета таа, стои нејзиниот поранешен шеф кој, како што тврди, носел одлуки за кои сега е одговорна.

„Не сум била важен човек ниту сум имал функција да можам самоиницијативно да давам наредби некому. Јас само си ја вршев работата“, заклучила таа и додала дека сè правела по наредба на шефот.

Сепак, на судењето нејзиниот шеф изјави дека таа е таа што крадела и ја искористила дупката во системот.

Ss1

Можете да прочитате

Амнести интернешенел: Човековите права најзагрозени во последните неколку децении, ЕУ има двојни стандарди

Американскиот Сенат го одобри пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван

Јамајка ја призна државата Палестина