Утрински Весник
Македонија

Поради возење без возачка во Кичево одземено „Ауди“

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

На 19.02.2026 во 13:15 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар, полициски службеници од  ОВР Кичево  го лишија од слобода Ф.З.(27) од селото Длапкин Дол, кичевско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.З. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит.

Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Косовар баран од Интерпол уапсен на Блаце

Џип удрил во жена на велосипед во Гевгелија

Во напредна фаза е истрагата против убиецот на 78 годишната старица