Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Поради топлотен бран, на учениците во Аргентина ќе им биде дозволено да одат на училиште во костими за капење

Поради топлотен бран, на учениците во Аргентина ќе им биде дозволено да одат на училиште во костими за капење
300x250 opst2

Поради топлотниот удар што зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело необична одлука: учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костими за капење и да се прскаат со вода за време на одмор, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Топлотен бран го зафати Буенос Аирес и неколку други провинции во централниот дел на Аргентина, соборувајќи ги температурните рекорди.

Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.

Поради горештините, бројни училишта минатата недела ја прекинаа наставата бидејќи голем дел од нив не се опремени со клима уреди и чекаат да падне температурата деновиве.

Но, училиштето во Росарио, град оддалечен 310 километри од Буенос Аирес, не може да користи клима поради низок напон, па одлучи да ја прекине наставата во средните училишта.

Проблемот, сепак, е покомплексен, со децата од одделенска настава кои не можат сами да останат дома затоа што нивните родители работат, па училиштето дошло до решение.

„Одлучивме учениците кои сакаат да можат да го следат часот во костим за капење и сандали, а да имаат пешкир и облека за пресоблекување. На одморите ќе бидат под сенка и ќе се разладуваат со вода“, напишале од училиштето во писмото до родителите како што пренесува Ла Капитал, дневен весник од Росарио.

Можете да прочитате

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа