Утрински Весник
Македонија

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Stacionar kucinja.jpg

Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори стационарот Лана во Струмица. Како што наведуваат во соопштението, инспекторите постапиле по добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните.

MK Summit

Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко и утврдиле низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција.


Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња.

Поради утврдените недоследности од страна на инспекциските служби, издадена е времена забрана за заловување, вршење интервенции и третман на бездомни кучиња, се до исполнување на условите согласно Законот за заштита и благосостојба на животни

Можете да прочитате

„Реплек“ со прв извоз во ЕУ по 10 години производство на производи од медицински канабис

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство

92годишна жена удрена од автомобил