Утрински Весник
Свет

Поради грешка ампутирани рацете и нозете на девојче во Британија

Поради грешка ампутирани рацете и нозете на девојче во Британија

На британската девојка на која и беа ампутирани рацете и нозете откако по грешка беше отпуштена од болница и беше доделена отштета од повеќе милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Девојчето било пренесено во ургентен центар со знаци на менингитис и сепса. Имала висока температура, забрзано чукање на срцето, болки во нозете, поспаност и повраќање.

И покрај знаците за предупредување, и бил препишан парацетамол и отпуштена од болница. Неколку часа подоцна, нејзините родители ја вратиле во болница откако добила осип и треска, кога и била дијагностицирана менингококна сепса.

Девојчето било префрлено на одделот за интензивна нега на блиската педијатриска болница каде доживеала откажување на повеќе органи и биле потребни неколку процедури за лекување на инфекцијата.

Подоцна нфекцијата се проширила и морале да и бидат ампутирани сите екстремитети – ампутации на двете нозе над колената и двете раце над лактите, пренесува „Индипендент“.

Семејството на девојчето поднело тужба против болницата, тврдејќи дека би ги избегнале ампутациите доколку и пружеле соодветна нега.

Болницата ја призна одговорноста на сослушувањето во Високиот суд во Лондон во петокот. Судијата Каспар Глин одобри спогодбата која изнесуваше околу 39 милиони фунти (44 милиони евра) – делумно да биде платена паушално, а остатокот во годишни исплати до крајот на животот на девојчето.

„Парите не можат да ви го вратат вашето девојче, но можат да и обезбедат иднина“, му рекол судијата на семејството.

Можете да прочитате

Разбиена банда што шверцувала кокаин во торти од Берлин до Прага

На 48 години почина актерот Џејмс ван дер Бик

Европол заплени фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра