Утрински Весник
Спорт

Нкетија е херојот на Арсенал, на „Емирати“ падна и Манчестер Јунајтед

Нкетија е херојот на Арсенал, на „Емирати“ падна и Манчестер Јунајтед

Лидерот Арсенал го победи Манчестер Јунајтед во дербито на „Емирати“ со 3:2 и сега повторно има пет бода предност  на врвот на табелата, и еден одигран натпревар помалку. Херојот е Едвард Нкетија, кој постигна победнички гол во 90.минута, а беше двоен стрелец на дербито.

dobivaj vesti na viber

Маркус Рашфорд во 17.минута донесе водство за „црвените ѓаволи“, а израмни токму Нкетија седум минути подоцна.

Бакајо Сака на почетокот на вториот дел испрати силен удар од далечина и направи пресврт, но повторно израмни Лисандро Мартинез во 59.минута. Во финишот, Арсенал сепак успеа да дојде до посакуваниот триумф во трката за шампионската титула.



Можете да прочитате

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута

Норвешка го елиминира Бразил, Халанд со два гола за четвртфинале

Ѓоковиќ испиша историја на Вимблдон – нов рекорд и пласман во четвртфиналето