Утрински Весник
Скопје

Поради два одделни зафати без вода или намален притисок повеќе скопски општини

Voda.webp.webp

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денес поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.

Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, на подрачјето на општина Бутел.

Исто така, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05:00 часот па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.

Намален притисок во водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков во близина на Кванташкиот пазар.

Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

Ѓорѓиевски на средба со Агелер

Град Скопје започна со обновување на јавните површини во центарот