Утрински Весник
Магазин

Популарниот „WeTransfer“ објави соопштение за своите корисници, некои тоа долго го чекаа

Wetransfer 1024x632 1.jpg

WeTransfer за своите клиенти истакна соопштение, имено на социјалните мрежи и на блогот на официјалната веб-страница напишаа дека се продолжува времетраењето на линковите.

„Почитувани корисници, никогаш не помисливме дека за милион години ќе треба да го кажеме ова, но еве сме. Со тешко срце ве известуваме дека врските на WeTransfer повеќе нема да можат да истекуваат“, се вели во соопштението на компанијата

На официјалниот блог пишуваат дополнителни објаснувања – линковите за преземање на испратените податоци ќе можат да се продолжат до 30 дена за оние кои имаат платена верзија на WeTransfer, а за оние кои имаат бесплатна, од 3 до 7 денови.

Исто така, оваа опција се однесува само на апликацијата WeTransfer, без разлика дали се работи за апликација за iPad, iOS или Android, може на овој начин да ја искористите:

Кога ќе добиете нов Transfer, односно линк во апликацијата, кога ќе го допрете ќе ја имате опцијата „зачувај за подоцна“. После тоа, можете да изберете од делот „зачувани“ дали да го продолжите рокот за 30 дена, или од 3 на 7 дена, како што споменавме.

Можете да пристапите до датотеките зачувани на овој начин кога сакате – за да не мора да го чекате периодот што сте го избрале за да им пристапите.

Можете да прочитате

Оставете ги петките настрана, најуспешните се со двојки и тројки – Диџеј Мац со порака до првачињата

Неделен хороскоп 02.09.2024 до 09.09.2024

Тамара Тодевска на првиот ден од новата школска година: Среќно деца мои