Утрински Весник
Свет

Поплави во Русија: Уште 1.000 домови поплавени во последните 24 часа

Poplave Rusija.webp.webp
Img 5587

Уште околу 1.000 домови беа поплавени во рускиот град Оренбург во последните 24 часа, но нивото на водата на реката Урал, која тече низ градот, почна да опаѓа, соопштија властите.

„Минатата ноќ беше сè уште прилично напната“, рече заменик-градоначалникот Алексеј Кудинов, според руската државна новинска агенција РИА. „Речиси 1.000 домови беа поплавени во последните 24 часа“, додаде тој.

Img 5587

Урал почна да се повлекува во неделата наутро, објави администрацијата на Оренбург преку апликацијата за пораки Телеграм. Властите во јужниот руски град во близина на Казахстан во петокот предупредија илјадници жители веднаш да се евакуираат бидејќи големите реки се излеаа од коритата по историските поплави од топењето на снегот.

Нивото на водата продолжи нагло да расте во руската област Курган, источно од Оренбург и на границата со Казахстан. Официјални лица изјавија за државната новинска агенција ТАСС дека неколку населени места долж реката Тобола се очекува да бидат поплавени во следните неколку ден Околу 770 домови биле поплавени во регионот во последните 24 часа.

Ss1

Можете да прочитате

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето