Утрински Весник
Свет

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

20240921084909 big 730x400 16.webp.webp

Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување за обилни дождови за некои области во префектурата Фукуи, во централниот дел од земјата, а околу 111.000 луѓе во пет општини се повикани да се евакуираат поради поплавите.

Околу 244.000 луѓе се предупредени да преземат итни безбедносни мерки поради лизгање на земјиштето и возила заглавени на поплавените патишта.

За градовите Фукуи, Оно и Кацујама е издадено предупредување од ниво 5, што е највисоко ниво на предупредување за обилни дождови кое укажува дека е веројатно да се случи катастрофа или таа е неизбежна, но подоцна е намалено на ниво 4, кое и натаму подразбира дека неопходна е евакуација на населението.

Во последните 24 часа до изутринава, во Кацујама, Сакаи и Фукуи има рекордни врнежи од дожд од над 300 милиметри. Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам најави дека размислува за испуштање вода од браната Сакаи за да се обезбеди повеќе простор бидејќи се зголемува нивото на водата.

Можете да прочитате

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години