Утрински Весник
Свет

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

20260828101059 big 730x400 20.webp.webp

Непалските власти предупредија за зголемување на нивото на реките во регионот кој беше погоден од катастрофални поплавите по должината на границата со Кина, во кои животот го загубија најмалку 750 луѓе.

Националниот орган за намалување и управување со ризици од катастрофи ги предупреди жителите и спасувачите да бидат внимателни по должината на реката Бхотекоши.

Експертите велат дека уривањето на глечер во Непал можеби ја предизвикало катастрофата, испраќајќи огромни количини вода по долината на реката во хималајскиот пограничен регион меѓу Непал и Кина.

Најмалку 734 лица загинаа во Непал, соопшти агенцијата, а речиси 3.000 се водат како исчезнати. Кинеските државни медиуми објавија најмалку 16 смртни случаи и 546 исчезнати.

Во меѓувреме, американската Влада соопшти дека ќе обезбеди 3,6 милиони долари помош за Непал.

„Хуманитарната помош што спасува животи ќе вклучува до три месеци итна помош во храна за 10.000 домаќинства погодени од поплавите“, објави Стејт департментот на Икс.

Можете да прочитате

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години