Утрински Весник
Скопје

Попладнево посебен режим на сообраќај во Скопје

Policija Stopira Janevska I.jpg

СВР Скопје ја информира јавноста дека поради одржување на протест, денеска (10.12.2024) со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул.„Никола Карев” и ул.„Прохор Пчињски” во Скопје.

Исто така, со почеток од 16.00 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на ул.„Филип Втори Македонски”, кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври”, право по ул.„Димитрие Чуповски”, десно по ул.„Васил Главинов” и право по бул.„ВМРО” до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден”.


СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел