Утрински Весник
Свет

Полскиот премиер со закана до Киев: „Ќе забраниме увоз на повеќе производи“

Полскиот премиер со закана до Киев: „Ќе забраниме увоз на повеќе производи“

Полска би можела да забрани увоз на дополнителни украински прехранбени производи, изјави денеска премиерот Матеуш Моравјецки предупредувајќи го Киев да не ескалира спорот за увозот на жито.

dobivaj vesti na viber

Варшава е еден од најтешките сојузници на Киев откако Москва ја почна својата инвазија во 2022 година, но двете земји сега се борат за увозот на земјоделски производи откако Полска, заедно со Унгарија и Словачка, ја продолжи забраната за увоз на жито од соседна Украина.

„Ги предупредувам украинските власти бидејќи ако сакаат да го ескалираат спорот на овој начин, ќе додадеме повеќе производи на забраната за увоз на територијата на Република Полска“, изјави Моравјецки за телевизијата „Полсат њуз“.

Портпаролот на Светската трговска организација вчера потврди дека Украина го направила првиот чекор во трговскиот спор со жалба до глобалното тело. Тој не ги именува земјите, но Киев претходно соопшти дека жалбата се однесува на Полска, Словачка и на Унгарија.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина