Утрински Весник
Свет

Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето 

Vreme.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полското претседателство со Советот на ЕУ се залага за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година, изјави полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик. 

Тој најави дека Полска презема конкретни чекори за укинување на ваквата практиката во текот на сегашното нејзино претседавање со ЕУ. 


Пашик уште лани во декември изјави дека измената на Директивата за менување на времето од 2018 година ќе биде една од целите на полското претседавање со ЕУ во првите чест месеци од оваа година. 

Според него, укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовниците претставува „социјално и економско прашање“. 

Пашик, како што пренесе полскиот весник „Факт“, изјави дека за ова прашање веќе разговарал со еврокомесарот за транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас и „го убедил“ да не ја отстранува измената на Директивата од работната програма на Комисијата за 2025 година. 

– Поради економските врски, од суштинско значење е да се постигне консензус на сите земји членки на ЕУ за ова прашање, додаде Пашик. 

Следната промена на времето ќе се случи во ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците во 2 часот ќе се поместат за еден час понапред. 

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми