Утрински Весник
Свет

Полска ја повика Германија: Испратете тенкови во Украина

Полска ја повика Германија: Испратете тенкови во Украина

Германија треба да преземе решителна акција и да испрати секакви видови оружје во Украина за да помогне во нејзината одбрана од руската инвазија, изјави полскиот премиер, Матеуш Моравјецки.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи во полскиот парламент, Моравјецки индиректно го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неодлучност да испрати тешко оружје во Украина.

„Ја повикувам германската влада да преземе решителна акција. Ја повикувам да испорача секакво оружје во Украина. Борбата за слобода и нашата иднина беснее додека зборувам овде. Тенковите не треба да останат во магацини, туку да се испратат на Украинците“, рече полскиот премиер.

Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, поднесе оставка по бранот критики што уследи по германскиот одговор на руската инвазија на Украина.

Можете да прочитате

Се запали траект во море, спасени 177 луѓе: на бродот имало и мигранти, итно реагирала италијанската полиција

Силен земјотрес во Турција, се почувствувал и во Грција

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина