Утрински Весник
Свет

Политико: Мишел не сака да ја покани Фон дер Лајен на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ

20240611112330 Big 730x400 75.webp.webp

Најновиот план на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, да ја смени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вклучува нејзино држење подалеку од разговорите за нејзината сегашна функција и идните перспективи, пишува бриселското издание на Политико.

Во разговорите со лидерите на ЕУ и нивните тимови, претседателот на Европскиот совет предложи исклучување на претседателката на ЕК од средбата со лидерите на земјите членки на ЕУ планирана за 17 јуни, на која ќе се разговара за највисоките позиции во ЕУ, тврди Политико, повикувајќи се на европски дипломати, високи функционери и функционери од националните влади.

„Земјите-членки се повеќе се иритираат од улогата на Шарл Мишел во процесот на избор за претседател на Комисијата. Се чини дека тој е воден од чисто лични мотиви“, рече европски дипломатски извор.

На Мишел е да одлучи кој може да се придружи на вечерата со лидерите, со оглед на тоа дека се работи за неформален самит.

Според изворите на Политико, имало силна реакција од европските престолнини против предлогот на Мишел, а неговото историско ривалство со Фон дер Лајен има клучна улога во нивните односи. Неколку европски метрополи веруваат дека Мишел се обидува да се ослободи од Фон дер Лајен на крајот на нејзиниот мандат, обидувајќи се да го спречи нејзиното потенцијално повторно назначување за шеф на ЕК.

Лидерите треба да се координираат за следните претседатели на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент, како и за следниот шеф на европската дипломатија.

Можете да прочитате

Напаѓачи упаднаа во црква и синагога во Русија, убиени цивили и полицајци

Шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Луксембург ќе разговараат и за Западен Балкан

Шолц загрижен поради изгледите за победа на крајната десница на изборите во Франција