Утрински Весник
Балкан

Полициско куче открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција

Droga Kamion 1170x1560 1.jpg

Полициско куче душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во грчкиот град Патра. Дрогата се наоѓала во камион на пристаништето каде имало 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис. Уапсени се две лица.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно возило (со полуприколка) управувано од 49-годишен грчки државјанин и „по индикација од службеното куче за детекција на наркотични супстанции на Крајбрежната стража „Мезкал“, во кабината на возачот беа пронајдени внимателно скриени 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 22,693 килограми“.

При понатамошна контрола, во товарниот простор на полуприколката биле пронајдени 163 пластични пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 133,669 килограми, како и уште 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 21,942 килограми.

За дрогата бил уапсен возачот на камионот, како и уште едно лице, грчки државјанин кој требало да преземе дел од наведените наркотични супстанции.

Можете да прочитате

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица

Вучиќ: Воениот сојуз Загреб-Тирана-Приштина е насочен против српските интереси

Опасен вирус се шири во Србија, над 9 илјади заболени