Утрински Весник
Македонија

Полициска акција и претреси на повеќе локации поврзани со работата во КПУ Затвор Скопје

Idrizovo2.jpg

На повеќе локации во Скопје изутринава се вршат претреси, во рамки на полициска акција, поврзана со неправилностите што беа утврдени во работата на КПУ Затвор Скопје при контролите од пред неколку месеци што ги спроведе Управата за извршување санкции, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Управата за извршување санкции.

-Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје, информираа од МВР и најавија подетални информации за во текот на денот.


Како што изјави за МИА директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, акцијата следува по контролите на Управата од пред неколку месеци во кои, како што рече, констатиравме бројни неправилности во работата на затворот, од директорот, па надолу.

– Материјалите ги доставивме до Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Тие ја преземаа работата, изјави Пандов.

Можете да прочитате

Јавноста ја коментира навредата која Кочовска и ја упати на Петровска: Ова е навреда не само за Славјанка туку и за сите жени

Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево

Обвинителство отвори постапка против десет припадници на затворска полиција во затвор “Скопје”