Утрински Весник
Македонија

Полицијата го расчисти случајот со тепање куче во Радовишко по објавеното видео на интернет

(Вознемирувачка снимка) Анима Мунди: Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По објавеното видео, на кое се гледа тепање куче, полицијата го пронашла човекот, со кого е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува од МВР, утврдено е дека наведените дејства се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело мачење животни по член 233 од Кривичниот законик.

Пред два дена „Анима мунди“ на својата страница на „Фејсбук“ објави видеоснимка, на која се гледа тепање животно – куче со употреба на тврд предмет од страна на С. Т. од с. Ораовица.

Во координација со јавен обвинител од ОЈО Радовиш против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје