Утрински Весник
Свет

Шефот на ЦИА: Следните шест месеци ќе бидат „критични“ за војната во Украина

Британски разузнавачи: Русија за првпат употреби ирански беспилотни летала во Украина

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција Вилијам Барнс изјави дека следните шест месеци ќе бидат „критични“ за војната во Украина и оти верува дека рускиот претседател Владимир Путин смета на намалениот интерес на Западот за војната во Украина и „политичкиот замор“ во него кои и даваат на армијата нова шанса да напредува на бојното поле.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот заменик државен секретар Барнс ова го изјави вчера, говорејќи на Универзитетот Џорџтаун и додаде дека западните разузнавачки служби покажале дека Москва не е заинтересирана за мировни преговори, иако од време на време има индиции за спротивното од Русија, пренесува CBS News.

„Ние не мислиме дека Путин е сериозен кога зборува за преговори, и покрај тоа што понекогаш го слушаме за тоа“, рече Барнс.

Изјавите на шефот на ЦИА, како што анализираат медиумите, доаѓаат во време на се поинтензивни предупредувања од украинските власти дека Русија се подготвува да започне голема офанзива насочена кон источниот дел на земјата.

Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, неодамна изјави дека најтешките борби во Украина допрва доаѓаат и дека следните неколку месеци ќе бидат клучни.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток