Утрински Весник
Свет

Полицијата ја претресува канцеларијата на политичар на АфД за мито и корупција поврзани со Русија

1 1.webp.webp

Германските власти денеска извршија претрес во станот и канцелариите на претставникот на Алтернатива за Германија (АФД) Петр Бистрон поради сомневање за поткуп и перење пари поврзани со лобирање за Русија.

Со оглед на тоа што беше претресена и неговата канцеларија во Бундестагот, германскиот парламент претходно му го одзеде имунитетот на овој претставник на АфД. Обвинителите во Минхен објавија дека биле претресени неговите станови во Берлин, Минхен и Мајорка.

Истрагата против Бистрон беше покрената откако чешките тајни служби во март објавија дека политичарот на АфД со чешко потекло дал интервју во Прага за проруската интернет платформа „Гласот на Европа“ и за тоа добил пари.

Тајните служби го сметаат „Гласот на Европа“ за дел од државниот руски информативен апарат чија цел е да ја оправда политиката на Кремљ во странство, особено агресијата врз Украина.

Бајстрон е втор на листата на АфД за изборите за Европскиот парламент во јуни. Под истрага е и носителот на листата Максимилијан Кра, но под сомнение за шпионажа за Кина. Главниот помошник на Кра во канцеларијата во Брисел веќе неколку недели е во истражен затвор поради шпионажа за Кина.

По најновите скандали и откако АфД учествуваше на конференцијата на радикалната десница во ноември 2023 година на која беше планирано масовно протерување на граѓани од мигрантско потекло, популарноста на партијата падна во анкетите на јавното мислење. На почетокот на годината АфД ја поддржуваа 20 до 24 отсто од анкетираните, а сега е 15 до 17 отсто.

Во источногерманските сојузни покраини Саксонија, Тирингија и Бранденбург, каде што во септември се одржуваат локални парламентарни избори, АфД се уште е најсилната политичка сила.

Можете да прочитате

ConocoPhillips ја купи Marathon Oil за 22,5 милијарди долари

Калињак: Закрепнувањето на премиерот Фицо, по обидот за убиство, ќе трае исклучително долго

Save the Children: 6,5 милиони авганистански деца годинава ќе се соочат со глад