Утрински Весник
Македонија

Полицаецот од чиј пиштол настрада мигрантка Фатмата Камара е ослободен од обвинение

Sud Za Fatmata.png

Со солзи во очите и тага за загубениот живот на Фатмата Камара, нејзиниот сопруг ја слушна пресудата за која судот му даде ослободителна пресуда на Игор Марков, кој беше обвинет за дело „Тешки дела против општата сигурност“.

Полицаецот Игор Марков денеска не беше во судница да ја слушне ослободителната пресуда која му ја изрече кривичниот суд. По изведените докази и сведочења, советот предводен од судијата Ненад Савески не најде кривично дело.

Одбраната на Фатмата не е задоволна од пресудата и се надеваат дека Обвинителството ќе ја искористи можноста за жалба, пишува Телма.

Инцидентот се случи во април минатата година во месноста „Стара касарна“ кај Гевгелија. Според судот, при рација за спречување на криумчарење мигранти, полицајците затекнале двајца криумчари и повеќе мигранти. Еден од полициските службеници го извадил пиштолот и со викање ги предупредувал присутните да застанат. Еден од криумчарите се обидел да му го земе пиштолот по што почнале да се борат. При борењето, пиштолот истрелал и фатално ја погодил 23-годишната мигрантка Фатмата Камара која била во автомобилот. Телото на Фатмата беше однесено во капелата во Бутел каде остана три месеци пред да биде предадено на семејството и однесено во Сиера Леоне.

Можете да прочитате

Ова е телефонскиот број на кој може да му се јавите на министерот Таравари

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите