Утрински Весник
Магазин

Погребна фирма во САД проневерила државна помош – не ги погребувала и кремирала телата

Telemmglpict000362312805 17064676995160 Trans Nvbqzqnjv4bqa7n2cxnjwnyi3tcbvbgu9t0aesusvn1te7a0ddd Esi.webp.webp

Џон и Кери Халфорд, сопственици на приватно погребно претпријатие во американската сојузна држава Колорадо, во октомври беа обвинети за неправилно ракување со речиси 200 човечки тела, а сега се соочуваат со нови обвиненија за проневера на повеќе од 880.000 американски долари. Станува збор за државна помош што била наменета за намалување на последиците од пандемијата на Ковид-19, соопштија федералните обвинители.

Постојните обвиненија вклучуваат 13 точки за измама и две точки за заговор заради измама, извести Обвинителството за Колорадо.

Погребно претпријатие нудело „зелени погреби“, во „биоразградлив“ ковчег и без течност за балсамирање. Семејството Халфорд за тоа добиле 882.300 долари, но „ги пренамениле“ за „купување возило, повеќекратни одмори, јадења, забави, школарина за малолетното дете, криптовалути, козметички медицински зафати, накит“ и предмети купени на платформата „Амазон“, а мртвите тела ги чувале незакопани, според обвинението во Окружниот суд на САД за Колорадо.

Федералното обвинение тврди дека брачната двојка ги измамила своите клиенти и со тоа што не обезбедила кремирање или погребување на починатиот што им го ветила.

Тие се осомничени и дека „собрале“ повеќе од 130.000 долари од жртвите за кремирање или погребни услуги што никогаш не ги дале“, тврдат обвинителите. Халфордови се соочуваат со затвор до 20 години и парична казна до 250.000 долари доколку бидат осудени во федералниот случај.

Уривањето на „погребната куќа“ треба да почне во вторник, објави американската Агенција за заштита на животната средина минатиот месец.  

Можете да прочитате

Како бесплатно да добиете дневна доза на витамин Д

Поранешната сопруга на Бил Гејтс донира милијарда долари за правата на жените и семејството ширум светот

Премногу сол во храната – ризик од рак на желудникот