Утрински Весник
Спорт

Погба суспендиран на четири години поради допинг

Paul pogba juventus 2023 2324 1693319423 115307.jpg

Играчот од средниот ред на Јувентус и на француската репрезентација, Пол Погба е суспендиран на четири години поради допинг, објавија италијанските медиуми.

Одлуката ја донел италијанскиот антидопинг трибунал, а повеќе извори во Италија, меѓу кои и „Република“ и „Скај спорт“, потврдуваат дека антидопинг трибуналот ги прифатил барањата на обвинителот на ФИГЦ, па францускиот играч за врска е суспендиран на четири години.

За потсетување, Погба падна на допинг тест на 20 август 2023 година по првиот натпревар од Серија А помеѓу Јувентус и Удинезе, иако не ни влезе во игра – натпреварот го мина на клупата за резерви.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила