На само три недели до почетокот на Мундијалот, Пол Погба заработи нова повреда, која речиси сигурно ќе го оддалечи од Мундијалот во Катар. Италијанската новинарка Фабијана Дела Вале ја пренесе веста дека Французинот почнал да тренира со првиот тим на Јувентус, но веднаш повторно се повредил.
Сега се работи за повреда на бутниот мускул што ќе го оддалечи повеќе од десет дена, што значи дека ќе има најмногу две недели да се подготви и да игра за Франција, што практично е невозможно.
Погба нема играно фудбал од април, го повреди стапалото во текот на летните подготовки, поради што нема одиграни ниту една минута за Јувентус од почетокот на сезоната.
И покрај повредата, Погба се надева дека селекторот Дидие Дешам ќе го однесе на турнирот доколку се процени дека може да се приклучи на тимот по групната фаза на натпреварувањето и фактот дека списокот за Светското првенство сега ќе го сочинуваат 26 играчи.