
По повод Светскиот ден на ромскиот јазик, Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ од Скопје вечер организира поетска вечер насловена „ЕУРОМОНД 21“, која ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“.
На настанот ќе настапат реномирани автори на ромската поезија, млади ромски поети, како и поети од други етнички заедници во земјава, кои ќе се претстават со поезија на својот мајчин јазик. Во рамки на вечерта ќе биде промовирана и истоимената збирка поезија – шесто издание од различни автори.
„Бариканипе“ е здружение на млади културни работници и уметници кое активно работи на унапредување на положбата на Ромите преку културни, книжевни и медиумски активности. Центарот се залага за збогатување на ромската и националната библиотека, како и за развој на ромското медиумско милје преку едукација и продукција.
Поетската вечер „ЕУРОМОНД 21“ се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, во рамки на Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес.



