Утрински Весник
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: За време на викендот продор на постудена воздушна маса, позначително опаѓање на температурите и локални врнежи!

Gfs 15 138.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе имаме слично време со температури кои наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 9, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.

Да напоменам дека сето ова ќе биде проследено и со ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

Исто така зголемувањето на облачноста ќе започне уште во четврток, а особено во петок ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд. Уживајте во Мини Летото и во преубавите претежно сончеви и топли денови се до среда, а потоа ќе ви биде потребна потоплата облека.

Можете да прочитате

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено