Утрински Весник
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Алатката НОТАС предвидува ниво 3 и 4 од највисокото 5 – Засилен до опасен ризик од појава на невреме во Македонија

Download 23.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во следните часови, односно попладне и вечерва, повторно во Македонија Атмосферата значително ќе се дестабилизира, па така на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нашата алатка НОТАС, за рано предупредување од појава на невреме, за денес предвидува ниво 3, локално и 4 од највисокото ниво 5. Тоа значи дека ќе имаме засилен, до опасен ризик од појава на невреме во Македонија, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и појава на град кој би можел да биде и по крупен.

Според НОТАС, и во Скопскиот регион е можно невреме. Препорачуваме голема внимателност во случај на појава на невреме и силни електрични празнења. Многу нестабилното време со чести врнежи, грмежи и временски непогоди во Македонија, но и во регионот ќе се заржи до самиот крај на овој и на почетокот на јуни месец.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?