Утрински Весник
Македонија

Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии

Knigi.webp.webp

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е  поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година.

– Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба – соопшти МОН.

Оттаму посочуваат дека новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки какви што имаше досега  и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата.

Можете да прочитате

ЦО на СДСМ најави 30-ти Конгрес: Ново раководство, нови политики и засилена структура со два организациски секретари

Таравари даде рок до јануари 2025 за уставните измени

Петрит Сарачини, Жарко Трајановски, Ардит Рамадани се добитници на наградата „Илија Жупаноски“