Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес во Охрид, Струга и околината со интензитет од 3 степени

Zemjotres2.jpeg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можете да прочитате

За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето