Утрински Весник
Магазин

Орада во бело вино – 24info.mk

20260220095323 big 730x400 74 1.webp.webp

Орада во бело вино е едноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус. Комбинацијата од сочна риба, ароматична мајчина душица, лимета и бело вино создава лесен, но богат оброк, идеален за семеен ручек или свечена трпеза.

Потребни состојки:


  • околу 1,8 кг орада (или друга морска риба)
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици презла
  • 3 лимони
  • 2 дл бело вино
  • 4–5 гранчиња мајчина душица
  • сол и бибер по вкус
  • маслиново масло

 
Начин на подготовка:
Исчистената, измиена и исушена риба посолете ја одвнатре и однадвор, па ставете ја во тава за печење врз листовите  лимон. Кромидот исечкајте го на помали парчиња и изблендирајте го со 3 лажици маслиново масло, мајчина душица и презлата. Додадете сол и бибер по вкус. Два лимони излупете ги, исечете ги на коцки и додајте ги во смесата а, третиот исечете го на листови. Половина од подготвената смеса одвојте ја, а со другата половина наполнете ја рибата. Во преостанатата смеса додајте го белото вино и уште 3 лажици маслиново масло, промешајте и прелијте ја рибата. Печете во загреана рерна на 180°C околу 35–45 минути, односно додека рибата добие златна боја и омекне.
Послужете топло, со свежа салата или варен компир како прилог. 

Можете да прочитате

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце