Утрински Весник
Македонија

Почуствуван земјотрес во Струмица и околината

Zemjotres1.jpg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

Дневната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавени врнежи

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен” закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

Дали Владата го копира албанското сценарио: Се турка ли државен монопол врз игрите на среќа?